Дома Фудбал Англија Гвардиола уште еднаш покажа големина: Со суперлативи зборуваше за Ливерпул

Гвардиола уште еднаш покажа големина: Со суперлативи зборуваше за Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола често пати знае да зборува со суперлативи за своите ривали, така е и овој пат за Ливерпул.

Откако испадна од Тотенхем, менаџерот на Сити покажа големина и му честиташе на ривалот иако испадна на еден болен начин, на Сити му беше поништен гол во судиското продолжение после прегледувањето на ВАР снимката.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп тогаш ја воодушеви фудбалската јавност, а сега слично зборуваше и за Ливерпул со кој водеше жестока борба за првото место.

„Ќе видиме до каде може да одиме и што можеме да направиме. Се бориме со најдобриот Ливерпул во историјата, еден од најдобрите тимови кои сум ги видел во животот“, изјави Гвардиола.

„Ќе се бориме се до крајот. Титулата се уште е во наши раце, а наш противник е Ливерпул кој неверојатен“, додаде Пеп.

Сити во сабота го доби Тотенхем со 1:0 и го задржа првото место, а Ливерпул денес во Кардиф мора да победи за да остане во трката. „Граѓаните“ во тој случај би биле втори, но имаат и натпревар помалку од тимот од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…