Дома Фудбал Англија Гвардиола: Тешко ќе најдеме замена за Агуеро

Гвардиола: Тешко ќе најдеме замена за Агуеро

Пеп Гвардиола призна дека пред него е еден од најголемите предизвици во кариерата, а тоа е да најде замена за Кун Агуеро.

Аргентинецот за Манчестер Сити до сега постигна 244 гола, а неговиот договор истекува во 2021 година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мислам дека за Серхио нема замена. Незаменлив е. Веројатно најтешката работа ќе биде да се најде замена за него. Знаеме сите дека еден ден ќе дојде моментот кога ќе треба да не напушти и сите во клубот се свесни дека ќе мора да се најде вистинска замена за него, а тоа баш и нема да биде лесно“, истакна Гвардиола.

Габриел Жесус е еден што може да го замени, но… Тешко е да се најде ваков човек, пред се како личност, како фудбалер, како талент… Неверојатен е. Би рекол на исто рамниште како Бразилецот Роналдо, како Ето, како Ромарио. Може да направи буквално се. Во ред, Меси е над сите, ама Агуеро е близу до него“, вели Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…