Mанчестер Сити во вчерашниот натпревар против Хофенхајм потешко од очекувањата успеа да стигне до првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.
Сити се мачеше, од првата минута бркаше предност на домаќинот, но на крајот некако успеаа да го свртат резултатот во своја корист.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола после натпреварот не сакаше премногу да зборува за судиите, иако беше очигледно дека е незадоволен. Изненадија зборовите според кои Пеп не го гледа својот тим како еден од фаворитите во ова натпреварување.
„Тимовите се толку силни, толку добри. Знаев, се обидов да им кажам против Лион колку тежок предизвик ќе биде. Ние немаме историја зад нас. За мене е изненадување кога ќе кажат да Сити сигурно ќе победи. Го ценам тоа и сум благодарен, но не е точно. Има многу тимови кои се на повисоко ниво, ниво на кое зад себе имаат историја тоа се Ливерпул, Реал, Барселона, Милан, Јувентус…Јас тоа го гледам на тој начин“.
„Ние имаме само едно полуфинале и едно четвртфинале. Одиме чекор по чекор, мораме да бидеме скромни, да ги анализираме противниците. Ќе се обидеме да стигнеме повторно до четвртфиналето или полуфиналето, тоа би било огромен успех за Сити“, изјави Гвардиола.