Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пренесуваат италијанските медиуми.
„Граѓаните“ планираат ова лето да испратат понуда за 22-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.
Покрај Сити за Хернандес интерес покажуваат уште ПСЖ и Барселона, па сигурно ова лето ќе се води голема битка за неговиот потпис.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата на Сити кој е спремен да понуди 50 милиони евра.