Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 130 милиони и прави „напад од соништата“

Гвардиола спреми 130 милиони и прави „напад од соништата“

Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за Обамејанг и наскоро ќе тргне во офанзива по неговиот потпис.

Откако пропадна трансферот на Обамејанг во ПСЖ, медиумите го селеа Африканецот на „Енфилд“ но сега како најсериозен кандидат се појави Манчестер Сити.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено, угледниот „Скај Спорт“ пренесува дека „граѓаните“ тргнале по потписот на Обамејанг и дека целата операција ќе чини 130 милиони евра.

Англискиот клуб е спремен да плати обештетување од 75 милиони евра колку што бара Борусија Дортмунд, а на играчот ќе му понуди 5-годишен договор тежок 11 милиони евра по сезона. (55 милиони за 5 години)

Со оглед на фактот дека „граѓаните“ имаат огромен буџет оваа сума нема да претставува проблем, а Гвардиола ќе формира пеколно трио во нападот.

Габриел Жесус – Агуеро – Обамејанг сигурно ќе биде едно од најсилните напаѓачки триа во Премиер лигата па и во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…