Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат англиските медиуми.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола одлично ги познава квалитетите на 23-годишниот Шпанец уште од времето кога Олмо беше дел од школата на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Гвардиола сака да донесе замена за Феран Торес и смета дека Олмо идеално ќе се вклопи во неговиот систем на игра.
„Граѓаните“ спремаат понуда од 70 милиони евра, фудбалерот дал согласност за трансфер, но Лајпциг во моментов не е спречен да ја прифати понудата.