Дома Фудбал Англија Гвардиола: Се молам играчите да се вратат здрави (видео)

Гвардиола: Се молам играчите да се вратат здрави (видео)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж дека неговите играчи ќе се вратат задрави од репрезентативните обврски.

Манчестер Сити се бори за титулата во Премиер лигата, притоа се наоѓа во полуфиналето од ФА Купот и во четвртфиналето од Лигата на шампиони, па го очекува згуснат распоред.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Играчите треба да одат со националните тимови, да се забавуваат, да играат за своите држави, но се надевам дека ќе се вратат здрави и во добра форма како што се во моментов. Можеби ќе победат, ќе даваат голови, но јас само сакам да се вратат здрави во клубот“, изјави Гвардиола.

Следниот меч на Манчестер Сити во Премиер лигата на програмата е на 30-ти март, кога ќе му гостуваат на Филам.

„Граѓаните“ во овој момент на второто место на табалета во Премиер лигата со 74 бода, а лидерот Ливерпул има 76 бода, но и натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи остана без важен играч до крајот на сезоната.

Наполи може да остане без главен играч до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се …