Пред пет години Пеп Гвардиола во својата книга напиша дека титулите се губат во првите осум натпревари.
Манчестер Сити во неделата неочекувано беше поразен на „Етихад“ со 0:2 од Вулверхемптон и така му дозволи на Ливерпул да направи разлика од осум бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осум бодови после осум одиграни кола во Премиер лигата изгледаат солидно. Секако не може да се каже дека Ливерпул е шампион затоа што има премногу бодови во игра, но „црвените“ се на добар пат.
Меѓутоа ако се водиме по зборовите на самиот Пеп тогаш Ливерпул е многу блиску до титулата. Сигурно Пеп сега не сака да е вистина она што во 2014 година го напиша во неговата книга „Доверливо“.
„Титулите се освојуваат во последните осум, а се губат во првите осум натпревару“.
Ливерпул е максимален и ги има сите победи, додека Сити веќе запиша неколку киксеви.