Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја разгледува можноста да го врати дефанзивецот Стефан Савиќ на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми.
Гвардиола е во потрага по искусен дефанзивец за следната сезона, а Савиќ е една од опциите бидејќи каталонскиот стратег ги цени неговите квалитети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Савиќ играше една сезона во Манчестер Сити во 2011/12, но одигра само 12 меча. Потоа се пресели во Фиорентина каде ја доживеа фудбалската афирмација, а во 2015 година се пресели во Атлетико Мадрид.
Црногорецот игра одлично во дресот на „јорганџиите“ и има договор до 2022 година, но Гвардиола сака да го врати на „Етихад“ бидејќи смета дека сега е зрел да го носи дресот на „граѓаните“.
Атлетико ќе прави реконструкција на одбраната ова лето и е спремен да го продаде Савиќ, доколку пристигна примамлива понуда.