Дома Фудбал Гвардиола распали по Премиерлигата: Ви благодарам. Ви благодарам многу

Гвардиола распали по Премиерлигата: Ви благодарам. Ви благодарам многу

Манчестер Сити го освои Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севиља по пенал серијата.

Новинарите се интересираа како Сити ќе слави освојување на уште еден трофеј, а Пеп Гвардиола изјави дека нема многу време за славење и иронично се заблагодари на Премиер лигата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Утре ќе бидеме уште посреќни од денес, сега треба да се одмориме. Нема да се испие капка алкохол, мора да се опоравиме колку што можеме. Од Грција сакам уште еднаш да им се заблагодарам на Премиер лигата за тоа што ни овозможи да играме во сабота, а не во недела или понеделник. Ви благодарам многу“, изјави Гвардиола.

Сити веќе во сабота игра многу тежок натпревар во второто коло од домашното првенство против Њукасл, а Гвардиола очигледно сакал тој натпревар да се игра ден-два подоцна. Сепак, Премиер лигата одлучи поинаку, што очигледно го налути стратегот на Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…