Дома Фудбал Англија Гвардиола пред дербито: Ливерпул е фаворит за титулата!

Гвардиола пред дербито: Ливерпул е фаворит за титулата!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола упати пофалби на сметка на Ливерпул пред големото дерби на „Енфилд“ во недела.

Гвардиола му ја препушти фаворитската улога на „црвените“, иако призна дека Ван Дајк многу ќе им недостасува.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Ливерпул е најголем фаворот за првото место, но ситуацијата со пандемијата ги прави работите неизвесни. Има и други силни тимови во лигата како Лестер, Арсенал исто така направи чекор напред. Челзи исто така е многу стабилен и располага со многу силен состав“, изјави Гвардиола.

„Ова е важен меч, нешто како американските избори за претседател. Сите гласови мораат да бидат пребројани. Уште многу мечеви има до крајот на сезоната и рано е да се каже дека овој дуел ќе го реши шампионот“, заклучи Гвардиола.

Менаџерот на „граѓаните“ на крајот потврди дека Габриел Жесус ќе биде спремен за мечот во недела, но Агуеро не успеал да се опорави од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше побе…