Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола крена голема прашина пред градското дерби со Јунајтед, откако откри дека во јануари му бил понуден Пол Погба.
Неодамна Мино Раиола јавно го навердуваше Гвардиоа нарекувајќи го куче и кукавица, а сега каталонскиот стратег само му одговори на манеџерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој човек пред два месеци дојде кај мене и ми ги нудеше Михтарјан и Погба. Да, точно пред два месеци. Ако сум куче, тогаш зошто ми ги нуди неговите играчи. Тие заслужуваат да имаат подобри тренери“, откри Гвардиола.
Ваквата изјава на Гвардиола силно одекна на Островот и крена голема прашина, па се огледи и самиот Погба на социјаните мрежи, и тоа со слика која кажува повеќе од илјада зборови.
Say what? ?? pic.twitter.com/FGCGFqAe64
— Paul Pogba (@paulpogba) April 6, 2018
Мораше да се огласи и самиот Раиола, кој очигледно не веруваше дека Гвардиола може јавно да открие вакво нешто.
„Зошто би му нудел него било што, тој е само тренер, јас да сакав ќе преговарав со раководството. Сити нека ја соопшти вистината“, истакна Раиола.
Останува да видиме дали денес Погба ќе игра против Манчестер Сити, но англиските медиуми откриваат дека Мурињо нема да го стави во стартниот тим.