Дома Топ вести Гвардиола прави чистка – ги отпиша Компани и Агуеро

Гвардиола прави чистка – ги отпиша Компани и Агуеро

Гвардиола од почетокот на својот мандат во Англија, од Манчестер Сити избрка две големи ѕвезди, голманот Џо Харт и Јаја Туре, а според англиските медиуми, тука нема да застане.

По поразот во Барселона, во Лигата на шампионите, на ред се Серхио Агуеро и долгогодишниот капитен Венсан Компани.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Компани беше подготвен за натпреварот против Барселона, но Гвардиола решил да не го повика за тој меч, додека Агуеро започна на клупата, а во игра влезе кога победникот беше решен.

Напаѓачот сезонава постигна 10 голови во 11 натпревари, но тоа не е доволно целосно да ја стекне довербата на Гвардиола. Самиот Агуеро, минатата недела за аргентинските медиуми изјави дека му треба време да се навикне на стилот на Гвардиола.

Од друга страна Гвардиола тврди дека тактиката била причината поради која Агуеро го оставил на клупата, бидејќи со Де Брујн, сакал да има играч повеќе во средниот ред, одлука која на крајот се покажа како погрешна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…