Манчестер Сити во трилер завршница славеше со 3:2 над Бристол и стигна до финалето во рамки на Лига Купот.
„Граѓаните“ до финалето пристигнаа преку триумф во реванш мечот против Бристол, односно со вкупни 5:3 по двата одиграни меча.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити до триумф пристигна во исклучително силен состав, Пеп ништо не сакаше да препушти на случајност, а стрелците за ппрвите два погодоци за Сити беа Сане во 43. и Агуеро во 49. минута.
Сепак, Бристол не се предаде и со два постигнати погодоци пристигна до трилер завршница. Пек во 64. минута намали на 2:1, а на 2:2 изедначи Флинт во третата минута од продолжението.
На Бристол му недостасуваше еден погодок да дојде до историски пресврт, но наместо тоа на другата страна пристигна казната, Де Бриун погоди за конечни 2:3.
Сити во финалето ќе се сретне против подобриот од мечот помеѓу Арсенал и Челзи кој на програмата е утре.