Дома Фудбал Англија Гвардиола по ремито со Лајпциг: Што очекувавте, да победиме 5:0!?

Гвардиола по ремито со Лајпциг: Што очекувавте, да победиме 5:0!?

Манчестер Сити вчера одигра реми во Германија против Лајпциг, а тренерот Пеп Гвардиола истакна дека е задоволен.

„Среќен сум поради целиот натпревар, не само поради првото полувреме“, нагласи Гвардиола и додаде:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Што очекувавте вие? Дека играме пријателски натпревар? Сте гледале ли еден натпревар на Лајпциг? Очекувавте да дојдеме тука и да победиме 5:0? Тоа не е реално…Секој натпревар во Лигата на шампионите е тежок, посебно во оваа фаза од натпреварувањето.

Ние сме добар тим и работиме многу, ќе продолжиме понатаму. Но, ако луѓето очекуваат да дојдеме тука и да победиме 5:0 или 4:0, жал ми е што не сме во можност тоа да го направиме“, изјави Пеп.

Домаќините после доминацијата на Сити во првото, во второто полувреме заиграа многу подобро.

„Направија исчекор, притиснаа повеќе, ни создадоа многу проблеми во тој период. После примениот гол успеавме да се вратиме и да одиграме добри последни 15-20 минути. Имавме добри шанси во двете полувремиња, имаме добар резултат пред реваншот во Манчестер“, заклучи шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …