Дома Фудбал Гвардиола под истрага: Му се заканува ли ЗАТВОРСКА казна на каталонскиот стратег?

Гвардиола под истрага: Му се заканува ли ЗАТВОРСКА казна на каталонскиот стратег?

guardiola

Пеп Гвардиола е под истрага на шпанската полиција откако летово во текот на каталонското „будење“ во Барселона бил дел од митинзите и пред десетина илјади луѓе оддржи говор.

Тренерот на Манчестер Сити одамна е еден од гласните заговорници на каталонската независност, а во текот на прокаталонскиот протест седеше во блокот на Пуџдемон, претседателот на каталонската влада.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола на присутните им порача дека ќе гласа за независност на референдумот, дури и ако шпанската држава не го признае. Така и беше. Каталонците изгласаа независност, Шпанија не ја призна, каталонските активисти се апсени, а Пуџдемон е протеран од земјата со порака дека ќе биде уапсен ако се врати.

Шпанската полиција го истражува Гвардиола и уште низа истакнати Каталонци под сомнеж дека со „своите постапки ги мотивирале граѓаните на бунт и го поддржувале нелегалниот референдум“.

Гвардиола неодамна на еден меч носеше жолта лента на сакото во знак на поддршка на уапсените активисти, што наиде на критика од страна на Жозе Мурињо.

„Го знам Пеп со години и јасни ми се неговите ставови. Но, сметам дека политиката нема место на фудбалските терени“, истакна Мурињо.

Не е познато какви санкции му се закануваат на Гвардиола ако биде евентуално осуден, но најверојатно ќе станува збор за условна казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доктор со обвинувања за Роналдо: Ми должи пари за ботокс – открил и колку!

Кристијано Роналдо се соочува со веројатно најнеобичните обвинувања досега во неговата кар…