Шпанецот стратег открива како Серхио Бускетс станал еден од најважните играчи на Барселона.
Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола во интервју за шпанските медиуми откри како Лео Меси влијаел на кариерата на Серхио Бускетс кој во 2008 година бил прекомандуван од вториот во првиот тим на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Високиот играч за врска стана еден од најважните фудбалери не само на Барселона, туку и на Шпанија со која практично освои се што можеше да се освои на клупско и интернационално ниво.
Со Барселона освои седум титули во Шпанија, а три пати го освојуваше и трофејот во Лигата на шампионите.
„Се сеќавам што Меси ми кажа за Бускетс после првите два, три тренинзи. Ми кажа: „ми се допаѓа“, само му реков ќе биде зад него кога и да е во проблем. Бускетс прави се што треба за своите соиграчи, лесно е да играте кога го имате него во тимот“, изјави Гвардиола.