Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е блисо до договор со првото засилување за следната сезона.
Имено, Јаја Туре сигурно заминува од „Етихад“ на крајот на сезоната, а негова земана ќе биде Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Европа и е на радарот на многу европски гиганти, но Сити беше најбрз и ја победи конкуренцијата.
Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ за Каваљо ќе платат 30 милиони евра, а олеснителна околност во преговорите е фактот што негов агент е братот на Гвардиола, Пере.
Гвардиола во Карваљо гледа играч кој ќе може да одработи дефанзивни задачи како Бускетс во Барселона, и е негова прва желба за замена на Јаја Туре.