Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Манчестер Сити нема да жали пари за да му ја исполни желбата на Гвардиола.
„Граѓаните“ ова лето најверојатно ќе се разделат со Кевин де Брујне, а Гвардиола смета дека токму Виртц е идеалниот наследник на Белгиецот.
Сити е спремен да понуди 150 милиони евра и така да ја победи големата конкуренција на Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.
💣Exclusive: Manchester City looking to replace Kevin De Bruyne with €150m Bundesliga star. #MCFC #ManCity
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) May 13, 2024
Details ⤵️ @caughtoffsidehttps://t.co/o6rMC7yclx