Пеп Гвардиола во две сезони скоро целосно го промени ликот на Манчестер Сити, па „граѓаните“ оваа сезона играат фантастично и се лидери во Премир лигата.
Каталонскиот стратег скоро целосно го промени тимот кој го наследи. Донесе нов голман, нов стопер, нови бекови и целосно го промени средниот ред и нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, уште малку му недостасува да создаде „идеален“ тим, па поради тоа планира да донесе уште две големи засилувања на „Етихад“.
Првата желба е секако Алексис Санчез кого сакаше да го доведе уште во текот на летото. Гвардиола смета дека Чилеанецот би бил идеален партнер на Габриел Жесус во нападот и сака да се ослободи од Агуеро.
Другата желба е дефанзивец. Прв пик е Иниго Мартинез од Реал Сосиедад бидејќи е поливалентен фудбалер кој може да игра и како лев бек. За него е заинтересирана и Барселона, но „граѓаните“ се спремни да ја платат откпната клаузула која изнесува 32 милиони евра.
Мартинез најверојатно ќе пристигне уште во јануари за да го замени Менди кој се здоби со тешка повреда, а со доаѓањето на Санчез следното лето Гврадиола конечно ќе го има својот „идеален“ тим.