Манчестер Сити има шампионски тим, барем така делуваат играчите на Пеп Гвардиола во новата сезона, кои се главен кандидат за титулата во Премиер лигата.
Шпанскиот стратег Пеп и натаму верува дека тимот може уште многу да напредува, поради што веќе има на ум две нови засилувања, со кои „граѓаните“ би биле навистина тим за почит.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Според информациите од Англија, Алексис Санчес од Арсенал е огромна желба на Гвардиола, која најверојатно и ќе се оствари, затоа што Чилеанецот на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и самиот ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Покрај играчот на Арсенал, во комбинација за нови играчи на Манчестер Сити се наоѓаат и левите бекови Рајан Бертранд, Фаузи Гулам и Арон Мартин, сите би биле замена за повредениот Бенџамин Менди.