Дома Фудбал Гвардиола: Луѓето сакаат Халанд да не успее

Гвардиола: Луѓето сакаат Халанд да не успее

Манчестер Сити победи со 3:1 кај Јанг Бојс во Берн во третото коло од Лигата на шампионите.

Европскиот и англискиот шампион поведоа преку Мануел Аканџи во 48. минута, а четири минути подоцна израмни Мешак Елија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот го реши Ерлинг Халанд, кој погоди од пенал во 67. за ново водство на Сити. Норвешкиот центарфор во 86. минута погоди за конечни 3:1.

Тоа беа први голови за Халанд во Лигата на шампионите оваа сезона, а вкупно 11-ти гол во 13-от настап сезонава во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак по натпреварот изјави: „Луѓето очекуваат од него да постигнува четири гола на секој натпревар. Луѓето сакаат тој да не успее“.

“Жал ми е. Тој ќе дава голови цел живот, тој е неверојатна опасност. Важно е што создава шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер лигата, повеќе од луѓето кои добиваат многу комплименти“.

Манчестер Сити е лидер во групата од Лигата на шампионите и е на чекор до осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен пор…