Мино Раиола пред само два месеци се обиде да преговара со Пеп Гвардола, но во тоа не успеа.
Пеп Гвардиола умее да ги цени фудбалерите и фудбалските клубови, за разлика од Мино Раиола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред само два месеци дојде до иницијални преговори околу трансферот на Пол Погба и Хенрик Михтаријан, Пеп сето тоа глатко го одби.
„Тоа е кукавица и џукела, она што му го направи на Златан покажува дека е човек еднаков на нула. Нема да кажам лош тренер, бидејќи не е, но е одвратен како човек“, тврдеше познатиот менаџер.
А, сега пристигна и одговорот кој добро го подготви Каталонецот.
„Таа личност пред само два месеци дојде кај мене и ми ги нудеше Погба и Михтаријан. Да, пред само два месеци. Не сум личност оја ќе ги разигрува неговите играчи, а ниту тој не може да ми носи свои играчи и да ги продава како кучиња. Споредбата со кучиња не е убава, мора да ги почитува животните“, истакна Гвардиола.