Иако пред неколку дена плати рекордна сума за Кајл Вокер, Гвардиола е спремен да потроши нови 30 милиони евра за десниот бек на Реал Мадрид, Данило.
Манчестер Сити минатата недела веќе го ангажираше Кајл Вокер за неверојатни 60 милиони евра, па Гвардиола ќе плати 30 милиони за играч кој ќе биде резерва.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Меѓутоа „граѓаните“ немаат проблем со финансиите, па „Марка“ тврди дека трансферот е пред реализација за сума помеѓу 30 и 35 милиони евра.
Данило беше трансфер мета и на Челзи, па поради тоа Гвардиола побрза да го комплетира трансферот и да ја победи конкуренцијата.
90 милиони евра за два десни бека – тоа го може само Манчестер Сити!