Утре се играат осум натпревари од второто коло во групната фаза во ЛШ, а во рамките на групата Ц на Етихад ќе се сретнат екипите на Манчестер Сити и Динамо Загреб.
Граѓаните се апсолутни фаворити, но и Динамо одигра одличен прв натпревар кога Аталанта ја испрати од Максимир со четири голови во мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска беше одржана и официјалната прес-конференција пред натпревар на која пред новинарите се обрати тренерот Пеп Гвардиола.
„За мене победата на Динамо над Аталанта од 4:0 не е изненадувачка бидејќи во ЛШ нема да најдете лоша екипа. На нивниот стадион играв против Хрватска и навивачите се неверојатно. Тоа е голем клуб во Хрватска и мора да бидеме фокусирани ако сакаме да победиме. Постигнаа четири погодоци, така да имаат квалитет. Знам само еден играч, но ќе биде многу тешко.“ – истакна Гвардиола.
Нешто подоцна стана јасно дека во прашање е Дани Олмо, Шпанецот кој привлекува голем интерес кај европските великани.
„Тој беше во академијата на Барселона и нормално дека таму се сите добри играчи. Имаше храброст да замине во Хрватска и за сега тоа делува совршено, на ЕП за играчи до 21 година беше еден од најдобрите.“ – прокоментира Пеп за Дани Олмо.