Пеп Гвардиола се уште е тренер на Манчестер Сити, меѓутоа веќе знае кој би можел да го наследи.
Според Гвардиола негов наследник може да биде Венсан Компани. Компани во овој момент е тренер на Барнли. Шпанскиот стратег е сигурен дека Белгиецот порано или подоцна ќе се врати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе се врати, порано или подоцна. Негова судбина е да биде тренер на Сити, тоа е запишано во ѕвездите и ќе се случи. Не знам кога, но ќе се случи“, сигурен е Гвардиола.
Компани своевремено како фудбалер беше капитен на „граѓаните“ од 2011 до 2019 година.
Компани веќе во овој месец ќе биде на спротивната страна од „својот“ Сити бидејќи ќе го предводи Барнли против „граѓаните“ во ФА Купот.