Француските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола е спремен да издвои 50 милиони евра за Исмаел Бенасер.
Станува збор за 22 годишниот играч за врска на Милан. Алжирецот на минатиот Афрички Куп на Нации беше прогласен за најдобар на турнирот после што за 16 милиони евра премина од Емполи во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 17.5 милиони евра, но „граѓаните“ ќе мораат да издвојат 50 милиони поради неговата откупна клазула пренесува „РМЦ Спорт“.
Алжирецот сезонава одигра 23 натпревари. Треба да се спомене дека неговиот талент помеѓу првите го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година го доведе во вториот тим на Арсенал за 500.000 евра.