Се чекаше потврдата од лекарската служба на Манчестер Сити и сега е јасно дека ваков потег, Пеп едноставно мораше да направи.
Повеќе нема дилеми, Менди ќе оди на долга пауза, најмалку пет месеци, а Сити ќе мора да купи лев бек. Данило може да ја покрива таа позиција, но тоа не е доволно. Шпанецот би можел до јануари таа позиција да ја покрива и со Зинчеко, но ниту тоа не е идеално решение бидејќи во прашање е крилен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мораме да се засилуваме во јануари“, изјави Гвардиола пред неколку дена.
Оваа изјава на Пеп изгледа веќе е претворена во реализација. Како што пренесуваат шпанските и англиските медиуми, „граѓаните“ го договориле фудбалерот на Еспањол, Арон Мартин.
Во прашање е млад репрезентативец на Шпанија, Каталонец кој кариерата ја започна во Еспањол, каде што и настапува сега. Има 20 години, за првиот тим дебитираше минатата година. За овој фудбалер Барселона во текот на летото нудеше 20 милиони евра и да го остави уште една сезона на позајмица во Еспањол, но помалиот клуб од Каталонија тоа го одби.
Арон има клазула од 30 милиони евра која Сити се очекува да ја плати, во случај да не успеат да го доведат во текот на зимскиот преоден рок, наредното лето неговата клазула ќе се зголеми за 10 милиони евра.