Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Еден ден ќе се пласираме во полуфиналето

Гвардиола: Еден ден ќе се пласираме во полуфиналето

Meнаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговата екипа била поубедлива од Лион во мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но дека оразот од 3:1 се должи на фактот што не била перфектна.

Пеп верува дека еден ден Сити ќе дојде до полуфиналето.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Еден ден ќе дојдеме до полуфиналето. Во првите 20-25 минути се боревме да пронајдеме простор за напад. Второто полувреме беше во ред, бевме тука. Имав чувство дека сме подобри. Сепак за да бидете сигурни во победата во ова натпреварување морате да бидете перфектни“.

„Направивме многу добри работи, но тоа не беше доволно. Правевме грешки во казнетиот простор во клучни моменти. Се мачевме да создадеме простор за напад“, изјави Гвардиола.

За пропуштената огромна шанса на Стерлинг при резултат 1:2.

„Во таа ситуација морате да го изедначите резултат за продолженија, но ние промашивме и примивм трет гол, тогаш се беше готово. Создадовме повеќе шанси и имавме повеќе удари. Мораме да ги подигнеме играчите кога ќе се вратат во клубот. Блокадата пред полуфиналето мора да биде отстранета, овој тим тоа го заслужи тоа во последните години. Еден ден верувам дека ќе успееме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…