Англиските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола спрема реконструкција на тимот и дека им ја отворил излезната врата на 13 фудбалери. Иако оваа бројка на прв поглед се чини голема, сепак дел од тие играчи се одамна „отпишани“.
На листата играчи на кои Пеп нема да смета во иднина се наоѓаат шест актуелни фудбалери на „граѓаните“, додека останатите се или на позајмици или воопшто не играше оваа сезона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На шест фудбалери им истекува договорот на крајот на сезоната и нема да им биде понуден нов договор, тоа се Вили Кабаљеро, Пабло Забалета, Бакари Сања, Гаел Клиши, Јаја Туре и Хесус Навас.
Што се однесува на останатите седуммина, тоа се фудбалери од кои Гвардиола се откажа уште кога пристигна на „Етихад“ – Џо Харт, Самиер Насри, Мангала, Фабиан Делф, Бони, Фернандо и Денајер и тие сигурно ќе го напуштат клубот.
Сигурно дека покрај сите овие играчи кои ќе си заминат, Гвардиола ќе се обиде да донесе адекватни замени, а неодамна се појавија информации дека раководството ќе му даде на располагање 350 милиони евра.