Пеп Гваридола добива одлични вести и тоа многу побрзо од очекуваното.
Лерој Сане отпатува со тимот во Базел на првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампионите кој на програмата е вечерва на стадионот „Санк Јакобс Парк“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е познато дали ќе биде во тимот, но секако дека доколку тоа не биде вечерва ќе биде многу побрзо од првите најави.
Да потсетиме, германскиот репрезентативец доживеа повреда кон крајот на јануари во натпреварот од ФА купот против Кардиф и тогаш од лекарскиот тим на „граѓаните“ беше соопштено дека ќе отсуства шест недели.
Сепак, како што стојат работите неговото опоравување би можело да трае само нешто повеќе од две недели.
„Не е спремен во целост, но дојде со нас. Физиотерапевтите одлично ја одработија својата работа. Секоја чест, многу пријатно ме изненадија“, изјави Гвардиола.
Освен Сане во тимот на „грѓаните“ се враќаат Давид Силва и Фабијан Делф. Надвор од тимот остануваат Бенџамин Менди и Габриел Хесус.