Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе добие голем буџет за трансфери, а целта е да го засили тимот на три позиции.
Британски „Телеграф“ објави дека приоритети се замена за Серхио Агуеро и Фернандињо, како и нов лев бек затоа што Бенџамин Менди не ги исполн очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За овие три позиции Гвардиола ќе добие повеќе од 200 милиони евра буџет.
Најголема желба во нападот е Ерлинг Халанд, а како алтернатива се споменува Ромелу Лукаку. „Граѓаните“ се спремни за напаѓач да го потрошат половина буџет, односно околу 100 милиони евра.
Гвардиола на лето сака значително да го засили тимот со цел да ја врати титулата на „Етихад“.
Manchester City are expected to spend close to €225 million in the next summer transfer window. City have targeted three positions: a striker, a midfielder and a left-back. (Source: Daily Telegraph) pic.twitter.com/70NlAc0Fbt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 17, 2021