Поранешниот американски голман Тим Хауард во разговор за подкастот „It’s Called Soccer“ зборуваше за Маурисио Покетино кој неодамна ја презема репрезентацијата САД, а во неговите изјави тема беше и Пеп Гвардиола.
Според Хауард Покетино не треба да се обидува со САД да игра како Манчестер Сити на Гвардиола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кога ќе ја погледнете мојата генерација, имавме цврсти играчи кои правеа разлика. Гвардиола сите ги убеди дека можат да играат напаѓачки фудбал, но едноставно не го можат тоа сите, туку само три екипи во светот“, потенцираше Хауард.
Според него САД треба да изгледа како Тотенхем од 2019 година кој играше финале во Лигата на шампионите каде што изгуби од Ливерпул.
„Тотенхем на Покетино играше со две линии по четири играчи и двајца во нападот. Беа цврсти во одбраната или барем се обидоа да бидат. Ако Покетино ја донесе таа цврстина во одбраната на САД ќе биде одлично. САД има доволно добри играчи и напред за со таков стил да биде опасен“, верува Хауард.