Откако стана јасно дека Манчестер Сити сигурно ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, Гвардиола доби голем буџет за засилувања.
Приоритет на Гвардиола е засилување на нападот, а првата желба е ѕвездата на Валенсија и шпански репрезентативец Феран Торес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Сити ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор.
Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но откако одби да го продолжи договорот јасно беше дека ќе биде продаден.
Последните информации тврдат дека „граѓаните“ го договориле трансферот и за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Агуеро е веќе во зрели фудбалски години, па Гвардиола верува дека Торес би бил идеален наследник на Аргентинецот.