Дома Топ вести Гвардиола го „краде“ планираното засилување на Клоп и го прави најскап дефанзивец!?

Гвардиола го „краде“ планираното засилување на Клоп и го прави најскап дефанзивец!?

Изгледа дека не постојат никакви граници…

Имено, како што пишува британски „Телеграф“, сагата околу еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата е завршена.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Изгледа дека Алексис Санчез ќе заврши во редовите на „граѓаните“, а на Пеп Гвардиола е да одлучи дали ќе го доведе Чилеанецот во јануари кога би требало да плати оштета или во текот на летото кога Санчез ќе биде слободен фудбалер.

Веројатно ќе биде ова второто. Имено, Пеп сака да доведе дефанзивец и негова мета е Виргин Ван Дијк кој се проценува на околу 70 милиони евра, но за овој фудбалер Шпанецот ќе има голема конкуренција и од тимот на Ливерпул кој подолго време се обидува да го доведе.

Она што е интересно е што Холанѓанецот би бил најскап дефназивец во историјата, но во Сити би бил резервна опција. Имено, Компани и Отаменди се стандарден пар, тука е и Стоунс кога ќе се врати, па Ван Дијк веројатно би бил опција само пред Мангала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…