Дома Фудбал Англија Гвардиола ги прокоментира поврзувањата со Јувентус (ВИДЕО)

Гвардиола ги прокоментира поврзувањата со Јувентус (ВИДЕО)

Во изминатите денови како бомба одека веста дека Пеп Гвардиола се договорил со Јувентус, истата ја пренесе италијанскиот новинар Луиџи Гуелп кој минатото лето го најави трансферот на Роналдо.

Меѓутоа, Гвардиола не дозволи долго време да се шират гласини и да се направи вистинска сапуница. Тренерот на Манчестер Сити беше категоричен дека не планира да заминува од Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Видов што се пишуваше, не знам зошто медиумите од твит на еден новинар прават вест“, изјави Пеп, а потоа појасни што сакаше да каже.

„Не одам никаде, освен ако не ме сменат. Ако јас се прашувам, останувам во Манчестер Сити“, изјави менаџерот на англискиот шампион на конференцијата после победата против Втофорд.

Како што споменавме Гуелп го најави трансферот на Роналдо, но овој пат барем според она што Гвардиола јавно го кажа изгледа неговиот извор погрешил.

Во Италија на големо се пишува тренерска промена на клупата на Јувентус и скоро никој не очекува Алегри да остане на клупата на „старата дама“ ако во вторник неговиот тим не се врати од тешката позиција и не ја надополни негатива од 0:2 во првиот натпревар.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид на програмата е во вторник со почеток во стандардниот термин од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покрај сите натпревари Европа зборува за оној на Кипар поради гол кој се гледа еднаш на 100 години

Ширум Европа оваа вечер се играат натпреварите од последното коло на лигашкиот дел на Лига…