Дома Фудбал Англија Гвардиола ги изненади новинарите со одговорите на прес-конференцијата по натпреварот со Интер

Гвардиола ги изненади новинарите со одговорите на прес-конференцијата по натпреварот со Интер

Манчестер Сити освои само еден бод против Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а интересен настап на прес-конференцијата имаше тренерот Гвардиола.

Според Гвардиола, неговиот тим одиграл многу подобро отколку во финалето кое го играа против „нероаѕурите“.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Против Интер одигравме подобро отколку во финалето минатата година“, започна Гвардиола, додека новинарите го запрашаа што конкретно му се допаднало.

„Се, игравме навистина добро, го сакам мојот тим, одлична екипа сме“, одговори Пеп.

На полувремето Гвардиола направи две замени, па доби прашање и за тој момент и повторно даде интересен одговор.

„Нова верзија на Пеп. Ќе го направам тоа и против Арсенал“, истакна шпанскиот стратег.

Дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити е закажано за в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нагелсман тврди: Германија ќе биде светски шампион во 2026 година

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман рече дека неговиот план за идното Светско првен…