Раководството на Манчестер Сити ја започна потрагата по заменик за Фернандињо, кој најверојатно ќе го напушти „Етихад“ ова лето.
Договорот на 35-годишниот Бразилец завршува на крајот на сезоната, а како што стојат работите клубот нема да му понуди продолжување на соработката.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Поради тоа на „Етихад“ веќе работата за доведување на негова замена, а Гвардиола има список со тројца кандидати.
Прв на списокот е ѕвездата на Борусија Мехенгладбах и швајцарски репрезентативец Денис Захарија. 24-годишниот играч за врска игра одлично во Бундес лигата и подолго време е на радарот на „граѓаните“.
Вториот кандидат е Сандер Берге од Шефилд Јунајтед. 23-годишниот Норвежанец сигурно ќе ја промени средината на лето и многу англиски гиганти го сакаат во своите редови.
Последен на списокот на желби е Жоао Палиња од Спортинг Лисабон, кој игра одлична сезона и дебитираше за Португалската репрезентација.