Пеп Гвардиола и Манчестер Сити веќе немаат шанса да се борат за титулата во Премиер лигата, Ливерпул создаде огромна предност и самиот Гвардиола неколку пати истакна дека неговиот тим ќе стави акцент на Лигата на шампионите.
Најелитното европско натпреварување како да се претвора во опсесија за „граѓаните“, а сезонава уште во осминафиналето ќе имаат тешка задача бидејќи за противник го добија Реал Мадрид. „Кралевите“ се најтрофејниот тим во историјата на ова натпреварување, но Пеп порача дека доколку не ги победат луѓето во клубот можат да дојдат и да му дадат отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако не го елиминираме Реал Мадрид, може да дојде газдата на Сити и да ми каже: Не си добар, ќе добиеш отказ. Навистина не знам што може да се случи. Од друга страна пак може да биде задоволен и да ми каже дека сме одиграле добро. Од кога дојдов тука правам се за овој клуб да го направам подобар“, изјави Пеп.