Ситуацијата со коронавирусот не е наивна, па голем дел од фудбалерите апелираат да се седи дома и да почитуваат препораките.
Слична порака сега испрати и голманот на Вардар, Филип Гачевски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Знам дека е тешка ситуацијата. Ова воопшто не е шала. Во Италија се случи хаос затоа што луѓето не го сфатија сериозно карантино. Знам само едно, човечкото битие е појако од се друго. Затоа, да останеме силни, да ги почитуваме препораките, да останеме дома и да ја победиме оваа битка“, гласеше Фејсбук статусот на Гачевски.