Вардар славеше во дербито против Воска и се врати на првото место во Втората лига. Денес во Автокоманда црвено-црните славеа победа од 2:1.
Победата против Воска Вардар ја обезбеди во првите 20-тина минути од натпреварот. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18-тата минута, а потоа, Дарко Мицевски со еврогол зголеми на 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без многу шанси на десет минути пред крајот Воска доби пенал со кој го намали резултатот. Претходно во 56. минута Бехар Фета имаше одлична можност, меѓутоа Гачевски одбрани. Тоа практично беше и се од Воска во овој дуел.
Токму голманот Филип Гачевски после натпреварот испрати порака до ривалот.
„воска спорт,поздрав од ПАПА ГАЧЕВСКИ“, напиша Гачевски на својот Фејсбук профил.