Дома Фудбал Репрезентации Гаф на Де Бур: Селекторот на Холандија не знае кого повикал на Европското првенство

Гаф на Де Бур: Селекторот на Холандија не знае кого повикал на Европското првенство

Франк Де Бур, селекторот на Холандија стана хит во неговата земја вчера после грешката која ја на направи на прес-конференцијата.

После ремито 2:2 на пријателскиот натпревар со Шкотска, Де Бур разговараше со новинарите. Едно прашање од новинарите гласеше кој би можел да игра на позицијата десно крило на Европското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека Квинси Мениг може да одговори на таа позиција“.

Во тој момент завладеа краток молк во солата. Проблемот беше што Квинси Мениг е фудбалер на Твенте и воопшто не доби повик за Европското првенство. Се претпоставува дека Де Бур мислешее на Квинси Промес.

Ќе потсетиме Холандија е во група со Македонија и со нив 21. јуни ќе играме во Амстердам во третото коло од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…