Милан со синоќешниот пораз од Арсенал (3:1) се опрости од Европа Лигата за оваа сезона.
Росонерите дојдоа до водство преку голот на Чалханоглу, но со непостоечкиот пенал за Арсенал го прекрши натпреварот но и целиот двомеч. Топџиите израмнија на 1:1, а во продолжение постигнаа уште два погодоци и така по втор пат го совладаа Милан (2:0, 3:1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо после натпреварот немаше многу што да каже за играчите, кој ги пофали за трудот и добрата игра. Околу судењето не сакаше да зборува.
„Горд сум на моите момци. Одиграа добар натпревар, а реално овој двомеч беше загубен уште на Сан Сиро. Единствено што ме лути е лошата реакција по вториот примен погодок, каде моите играчи се предадоа па потоа примија и трет погодок. Не смее тоа да ни се случува, мора да играме додека судијата не означи крај.“ – изјави Гатусо и додаде:
„Алиби не сакам да барам, ниту ќе зборувам за судиите. Не знам дали беше пенал, но и на нив се случуваат грешки како и на фудбалерите. Одиме понатаму, ова е млад тим кој може многу повеќе. За почеток, треба да го достигнеме нивото на кое е сега Арсенал, а потоа ќе одиме уште повеќе.“
Гатусо уште еднаш повтори дека го налутило третиот погодок.
„Да загубевме 2:1 немаше ништо што да кажам. Вака сум лут на играчите само поради тој трет гол кој никако ни не требаше.“