Дома Фудбал Италија Гатузо ќе „полуди“ кога ќе го види распоредот на Милан следните денови

Гатузо ќе „полуди“ кога ќе го види распоредот на Милан следните денови

Екипата на Милан не игра одлично во последно време.

Фудбалерите кои од клупата ги предводи Џенаро Гатузо се уште не знаат за пораз во 2018. година, а одиграа веќе 11 натпревари. На последните пет натпревари во Серија А, „Росонерите“ забележија четири победи и реми, но проблемот е во фактот дека во следните денови ќе одиграат неколку дерби натпревари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Гатузо сигурно нема да биде среќен кога ќе го види распоредот на својата екипа во следните денови. Се почнува уште утре, кога Милан и гостува на Рома во рамките на 26. коло од Серија А. Само три дена подоцна следува натпреварот во Купот на Италија, а противник е Лацио. На 4. март Милан ќе ги одмери силите против вечниот ривал Интер во рамките на Серија А, а потоа следува натпреварот против Арсенал во осмина финалето од Лигата на Европа.

Што значи, Милан во само две недели ќе одигра четири многу важни натпревари. Инаку, тие во моментов се наоѓаат на 7. позиција во Серија А со 41 бод односно седум бода помалку од местото кое води во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

По првпат во кариерата на капитенот на Португалија, беше исклучен додека играше за национа…