Фудбалскиот свет се простува од легендарниот Синиша Михајловиќ, кој почина пред два дена на 53-годишна возраст.
Михајловиќ остави длабока трага во италијанскиот фудбал, најпрво како фудбалер, а потоа и како тренер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Еден од тие кои му испратија порака е поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо кој во моментов ја тренира Валенсија.
„Со гордост можам да кажам дека бев пријател на Синиша Михајловиќ, меѓу нас имаше респект и страст која не зближуваше, иако никогаш не бевме соиграчи. Не треба да плачеме за неговото заминување, тој не би го сакал тоа, но мора да покажеме почит која сите му ја должиме на таков човек. Респектот ќе го покажеме со потсетување на сето она што не научи. Тој беше способен да ги сподели своите вредности и правеше тие околу него да ги применуваат бидејќи тој беше пример за сите. Ти благодарам за се, Синиша“, напиша Гатузо.