Дома Фудбал Италија Гатузо скромен: Се уште сум никој и ништо!

Гатузо скромен: Се уште сум никој и ништо!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ги препороди „росонерите“ кои немаат пораз на цели 13 натпревари, а синоќа се пласираа и во финалето од италијанскиот Куп.

Медиумите, експертите и целата јавност е воодушевена од Гатузо, па младиот стратег добива многу позитивни критики, но тој цврсто стои на земја и признава дека „не е голам тренер“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Успеавме во она што го посакував, создадеовме компактен тим што игра добро на сите делови од теренот. Голема благодарност до фудбалерите, но и до Монтела, кој им имаше дадено одлични тактички замисли и пред моето доаѓање. Успехот е огромен, секако дека сум среќен, но не сакам да се говори за мене како за некој гуру. Јас сум никој и ништо, бидејќи се уште не сум постигнал ништо“, скромен е Гатузо,

„Лацио обично постигнува по 4-5 гола дома и има еден од најпрецизните напади во Европа. Тие вешто ги комбинираат здравата физичка подготвеност со одлична техника. Ние се трудевме да направиме така што нема да им оставиме многу слободни простори. И двата тима фрлија многу сили и страдаа цело време, но ќе се одмориме и ќе бидеме спремни за дербито“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…