Дома Фудбал Италија Гатузо: Само во Италија се исклучуваат играчи за пцовки

Гатузо: Само во Италија се исклучуваат играчи за пцовки

Џенаро Гатузо смета дека Лоренцо Инсиње бил неправедно исклучен во вчерашниот натпревар кој Наполи го изгуби од Интер со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ромелу Лукаку од пенал на дваесетина минути пред крајот на мечот. Домаќините со овој триумф избија на втората позиција во Италија и се само на бод од градскиот ривал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Она за што најмногу се зборува по натпреварот е исклучувањето на Инсиње. Гатузо смета дека неговиот напаѓач неправедно добил црвен картон.

„Не можете да исклучите играч, посебно не капитен на една екипа само затоа што упатил пцовка поради сомнителен пенал. Во Англија и Шкотска не се исклучуваат играчи за пцовки, тоа се случува само во Италија“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВАР е скапа играчка: Еве колку потроши ФФМ за Македонија да го има (Видео)

Проект лидерот Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што детално зборув…