Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неодамна призна дека е многу задоволен од работата на тренерот, Џенаро Гатузо.
Денес италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2023 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Гатузо пристигна пред неколку месеци како замена за Анчелоти и иако првично се споменуваше како привремено решение, сепак ја придоби довербата на раководството.
Наполи под водство на Гатузо го освои трофејот во Купот и игра одлично во шампионатот, па клубот му предложи нов договор.
Во наредните денови се очекува и официјално Гатузо да стави потпис на нов договор и да се обврзе на верност со Наполи до 2023 година.