Дома Фудбал Италија Гатузо: Пијатек е како Робокап, Игуаин е минато!

Гатузо: Пијатек е како Робокап, Игуаин е минато!

Милан вчера и официјално го претстави новото засилување Криштоф Пијатек, кој на „Сан Сиро“ доаѓа како замена за Гонзало Игуаин.

Тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо на денешната пресконференција истакна дека Игуаин е минато и дека од Пијатек очекува многу голови.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Пијатек е јак физички и има одлчна техника. Тој е како Робокап. Не зборува многу и работи силно на тренинзите. Знае само неколку зборови: „Сакам да постигнувам многу голови“. Ќе видиме дали ќе игра утре против Наполи“, истакна Гатузо.

„Не сакам да зборувам за Игуаин. Тој го направи својот избор и сега е минато. Загубивме топ играч, но добивме силен напаѓач полн со ентузијазам. Гонзало имаше сомнеж дека нема да биде откупен на крајот на сезоната и поради тоа реши да замине“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…