Дома Трансфер зона Гатузо и Милан во јануари добиваат ГОЛЕМО засилување?

Гатузо и Милан во јануари добиваат ГОЛЕМО засилување?

Екипата на Милан планира сериозно да се засили во јануарскиот трансфер период.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, желбата на „Росонерите“ во јануари е играчот за врска на Челзи, Цеск Фабрегас. Шпанецот на почетокот на оваа сезона е во немилост на тренерот Сари кој не му даде шанса на ниту еден натпревар во Премиер лигата, а со оглед на тоа дека договорот му истекува на крајот од оваа сезона, сосема е јасно дека ќе си замине во јануари.


Милан наводно планира да го спари со Игуаин и управата на овој клуб смета дека тоа би требало да биде добитната формула во вториот дел од сезоната. Потсетуваме, Милан многу слабо влезе во новата сезона и за сега има само една победа од четири натпревари, а вечерва игра против Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…